Hygia Совети Билки и природна медицина Совети за природен живот

Кога и на одмор не можеш да се смириш….

Кога и на одмор не можеш да се смириш… можеби проблемот не е во одморот. Можеби телото предолго живеело во режим на „уште малку“.

Уште една обврска. Уште една порака. Уште еден екран. Уште една информација. Уште малку работа пред спиење. Уште едно „ќе одморам кога ќе завршам“. И тогаш доаѓа викендот. Или одморот. Телото конечно добива дозвола да запре… а ти сфаќаш дека не знаеш како да запреш.

Седиш, а умот работи. Легнуваш, а телото е напнато. Не правиш ништо, а чувствуваш вина. Си уморна, но не можеш вистински да се опуштиш. Тоа е делот што често го забораваме кога зборуваме за стрес и кортизол: нервниот систем не се регулира со еден слободен викенд.

Му треба повторно да научи дека е безбедно да забави. Не ти треба уште една задача наречена „релаксација“. Потребни ти се мали сигнали на мир, секој ден.

5 минути без телефон.
Бавна прошетка.
Сончева светлина наутро.
Оброк без екран.
Топол туш.
Длабоко дишење.
Чај испиен без брзање.
Некогаш — буквално ништо.

А една од билките што особено ја сакам во вакви периоди е маточината – Melissa officinalis. Нежна, ароматична билка која традиционално се користи како поддршка при нервна напнатост, немир и вечерно опуштање, а често е прекрасен избор и кога стресот „се преселува“ во стомакот. Не затоа што една билка ќе го реши животниот хаос. Туку затоа што може да стане дел од еден нов ритуал „Сега не морам ништо. Сега телото може да одмори.“

Токму на таа идеја го градам и HYGIA Calm Mind — не како магично решение за стресот, туку како природна поддршка во период кога на нервниот систем му треба повеќе нежност, ритам и простор. Не чекај две недели одмор за конечно да здивнеш. Создавај микро-одмори во животот што го живееш секој ден.

А ти? Кога последен пат седна 10 минути — без телефон, без книга, без работа, без чувство дека треба нешто да „постигнеш“?

Пиши ми „МИР“ на маил или на инстаграм ако сакаш да ти пратам едноставен HYGIA вечерен ритуал за смирување на нервниот систем.

HYGIA by Dr. Viktorija
Од моето знаење и срце. За вашата добробит.

Текстот и фотографиите се заштитени со авторски права © Hygia by Dr. Viktorija. Секое неовластено копирање, користење или споделување е строго забрането.