Секој организам реагира различно.
По сесијата некои лица опишуваат чувство на:
- полесен и порелаксиран стомак
- подлабоко дишење
- намалена телесна напнатост
- подобра свесност за сопственото тело
- релаксација и поспаност
- активирање на дигестивниот систем
Не постои ист број за секого.
За проценка на индивидуалната реакција обично препорачувам **минимум 2–3 сесии**.
Кај подолготрајни функционални тегоби може да се предложи серија од повеќе третмани,
зависно од потребите и реакцијата на телото.
Пред секоја сесија се прави кратка проценка.
Третманот може да биде несоодветен или да бара претходна лекарска согласност при:
- акутна силна или необјаснета абдоминална болка
- покачена температура и активна инфекција
- свежи операции или повреди
- акутни воспалителни состојби
- сомнение за итна абдоминална состојба
- одредени состојби во бременост
- други медицински состојби кај кои мануелна работа на абдоменот не е препорачлива
Ако постои сомнение за медицински проблем, првиот чекор е лекарска проценка.