Понекогаш патот кон природната медицина не започнува во училница, туку во длабока желба да се разбере човекот – неговото тело, неговите болки и неговата способност да се обнови. И како што нашиот народ милува да каже, прашај паталец не гаталец.
Јас сум др.Викторија Донев – Доктор по природна медицина, хербалист, нутриционист, терапевт на висцерална абдоменална масажа. Но пред сè, јас сум човек кој верува во мудроста на природата и во неверојатната способност на телото да се врати во баланс кога ќе му дадеме вистинска поддршка.
Со години, а поттикната од сопствени здравствени проблеми, учев, истражував и работев со билки, масла и природни формули. Колку повеќе навлегував во овој свет, толку повеќе сфаќав дека вистинското здравје не доаѓа само од лекување на симптомите, туку од разбирање на целата приказна на човекот – неговото тело, неговата исхрана, неговите емоции и неговиот начин на живот.
Од таа идеја се роди Hygia by Dr. Viktorija. Не како обичен бренд. Туку како место каде природата и знаењето се среќаваат.