Hygia by Dr. Viktorija

Природна медицина. Холистичко водство. Формули создадени со мудрост

Природна поддршка што не го гледа само симптомот, туку човекот како целина.

Lenta_ikoni

РАЧНО ИЗРАБОТЕНО

Lenta_ikoni

МАЛОСЕРИСКО ПРОИЗВОДСТВО

Lenta_ikoni

100% ПРИРОДНО - HYGIA BY. DR.VIKTORIJA

Наjбарани продукти

Добредојдовте во просторот каде природата и знаењето се спојуваат.
Тука ќе најдете внимателно подготвени содржини што нудат природна поддршка, практични совети и традиционални рецепти, засновани на искуство и стручност.

Вашите искуства jа раскажуваат приказната на HYGIA

  • Во комуникацијата и работата со Викторија се чувствував навистина поврзано со неа. На моменти имав чувство како да ми помогна подобро да се слушнам и разберам себеси. Најмногу ми значеше сознанието дека не е сè што ми се случува последица само на мои погрешни избори. Нејзината смиреност, сила и начинот на кој пристапува кон секој човек оставаат посебен впечаток. Дали би ја препорачала? Тоа веќе го направив. ❣️
    М, 35 год.
  • Кога дојдов првпат, бев под огромен стрес и имав изразени абдоминални тегоби. Уште од самиот прием и првиот разговор почувствував дека нешто во мене почнува да се менува. Висцералната абдоминална масажа многу ми помогна со надуеноста и гасовите, но искуството за мене беше и емотивно. Почувствував големо олеснување, подобро дишење и чувство дека конечно ослободувам нешто што долго време го носев во себе.
    А, 52 год.
  • Срце мое, јас сум ти преблагодарна. Ми го смени животот од корен и ми помогна да го живеам мојот сон. Од првиот момент почувствував дека си личност која навистина слуша, разбира и знае да даде насока. Твојата поддршка и начинот на кој работиш оставија огромен впечаток врз мене. Од срце те препорачувам на сите. Најдобра моја, д-р Викторија. ❤️
    Д, 42 год.
  • Мојата душа конечно почна да ја живее реалноста што ја посакував, а голема помош на тој пат беше личност како тебе. Чекор по чекор го применувам она што го учам од тебе, а твоите мали ритуали денес се дел од нашето секојдневие. Особено ми значи напредокот што го гледам кај Ирина и верувам дека допрва ќе ги береме плодовите од сето тоа. Не сакам да бидам идентична на тебе. Сакам да бидам слична на тебе. ❤️
    М, 29 год.
  • Искуството со Викторија беше навистина многу добро. Со нејзина помош променив дел од моите навики, а протоколот што го добив многу ми помогна. Сфатив нешто важно – дека понекогаш грижата за себе ја оставаме последна, а дури подоцна разбираме колку е важна. Благодарна сум за целото водство, поддршка и насока низ процесот, како и за промените што успеав да ги направам благодарение на нејзиниот пристап. ❤️
    В, 39 год.
  • Во однос на комуникацијата, најмногу ми се допаѓа што не ме критикуваш или исправаш кога нешто не правам како што треба, туку ми даваш насока и поддршка за нашиот предизвик, било да е за мене или за децата. Особено ми значеше она мало „само да те прашам како си, како сте“. Водата со лимон, тинктурата со коприва и утринскиот ритуал што го создадовме со И. денес се дел од нашето секојдневие. ❤️
    М, 29 год.
  • Целиот извештај и насоките од Викторија ми беа од огромна корист. Ги променив исхраната и навиките, воведов суплементи и значително го намалив кофеинот. Особено ми помогнаа малите секојдневни ритуали – топла вода со лимон, техники за дишење, EFT tapping и одењето боса низ дворот. Најмногу сум благодарна за поддршката во период кога ми беше навистина тешко. Чувствував дека не сум сама и дека имам некого кој навистина се интересира како сум.
    В, 39 год.