Холистичко водство

Филозофиjата на Hygia

Iconi_filozofijatanahygia

Чисти состоjки

Природата нуди доволно. Нашата задача е да ја користиме мудро.

Iconi_filozofijatanahygia

Знаење и традициjа

Билките се користат со векови. Ние ги разбираме и применуваме со современо знаење.

Iconi_filozofijatanahygia

Целосна грижа за здравjето

Телото, умот и емоциите се поврзани – вистинското здравје ги почитува сите.

Холистички водства и протоколи

Понекогаш телото не бара брзо решение.
Бара разбирање. Холистичкиот пристап не го гледа само симптомот, туку ја разгледува целата слика – телото, исхраната, животниот ритам и внатрешниот баланс.

Затоа секој протокол што го изработувам не е универзален, туку создаден според твојата индивидуална состојба.

Што е Холистичко водство?

Холистичко водство е внимателно структуриран план што ја поддржува природната функција на телото.

Тој може да вклучува:

  • насоки за исхрана
  • природна билна поддршка
  • препораки за животен стил
  • ритуали за баланс и регенерација

Целта не е да се „замолчи“ симптомот, туку да се создаде услов телото да се врати во својот природен баланс.

Зошто се пополнуваат прашалниците?

Секое тело има своја приказна. Прашалникот е првиот чекор да ја разбереме таа приказна – твоите навики, симптоми, енергија, исхрана и животен ритам.

Овие информации ми помагаат да:

  • ја согледам состојбата подлабоко
  • ги поврзам симптомите меѓусебно
  • креирам насока што е прилагодена токму за тебе

Затоа што вистинската поддршка не доаѓа од генерален совет, туку од разбирање.

Како изгледа процесот?

  • Пополнување на прашалник
  • Анализа на состојбата
  • Изработка на персонализиран протокол и водство

Секој чекор е создаден со цел да ти даде јасност, насока и поддршка.

Понекогаш најважниот чекор не е да најдеш решение, туку да најдеш правилна насока.

Јас сум тука да те водам низ тој процес.

Одберете консултациjа

Кратко водство – кратка насока

Имаш конкретно прашање и не знаеш од каде да започнеш?

Малата насока е краток одговор што може да ти помогне да го препознаеш следниот разумен чекор — дали да обрнеш внимание на исхраната, животните навики, одредени анализи или дали твојата состојба бара подлабоко индивидуално разгледување.

Што добиваш:

  • кратка професионална насока за конкретно прашање
  • препорака кој би бил најсоодветниот следен чекор.

Чекор 1: Пополни прашалник

ПЕРСОНАЛИЗИРАНО ХОЛИСТИЧКО ВОДСТВО

Твоjот организам. Твоjата приказна. Твоjата насока. Ова не е готов план што се применува исто каj сите.

Пред да дадам насока, ја разгледувам целата слика: симптомите, дигестијата, исхраната,  сонот, енергијата, стресот, животните навики, лабораториските анализи што ги имаш и другите фактори кои можат да бидат поврзани со твојата состојба.

Потоа се изработува индивидуално HYGIA холистичко водство, приспособено на тебе.

Што добиваш:

  • детално разгледување на твојот прашалник и достапни анализи
  • поврзување на симптомите и можните фактори што придонесуваат за нив
  • индивидуални насоки за исхрана
  • билна поддршка кога е соодветна
  • насоки за суплементација кога е оправдана
  • дневни и утрински/вечерни ритуали
  • насоки за сон, движење и нервен систем
  • практичен план со кој знаеш од каде да започнеш и што да следиш

Чекор 1: Пополни прашалник

Готови холистички протоколи

Не ти е потребно целосно персонализирано водство?
HYGIA протоколите се готови дигитални водичи создадени за најчестите функционални тегоби и животни состојби со кои работам.
Секој протокол го разгледува проблемот пошироко — преку исхрана, билки, навики, дигестија, сон, стрес и секојдневни ритуали.

За цревата и дигестиjата

HYGIA GUT RESET PROTOCOL

Наменет за лица со надуеност, гасови, чувствителна дигестија, IBS-профил, нарушена цревна рамнотежа и повторливи дигестивни тегоби.
Содржи структуриран пристап во фази, насоки за исхрана, пример мени, билна поддршка,
дигестивни ритуали и насоки за постепено враќање на цревната рамнотежа.

Цена: 1.500,00 денари

ОДБЕРИ ПРОТОКОЛ

За енергиjа и виталност

HYGIA VITALITY RESET PROTOCOL

Наменет за хроничен замор, утринска исцрпеност, „brain fog“, падови на енергија и чувство дека организмот постојано работи на резерви.
Содржи насоки за исхрана, енергетски ритам во текот на денот, сон, стрес, движење, нутритивна и билна поддршка и ритуали за постепено враќање на виталноста.

Цена: 1.500,00 денари

ОДБЕРИ ПРОТОКОЛ

За женскиот хормонален ритам

HYGIA WOMAN BALANCE RITUAL

Наменет за ПМС, нерегуларен или болен циклус, PCOS-профил, промени во расположението и други тегоби поврзани со женскиот циклус.
Содржи насоки за исхрана низ хормоналниот циклус, билна поддршка, поддршка на црниот дроб и метаболизмот на хормоните, дневни ритуали и животни навики.

Цена: 1.500,00 денари

ОДБЕРИ ПРОТОКОЛ

За поддршка на тироидната функција

HYGIA THYROID BALANCE RITUAL

Наменет како дополнителна холистичка поддршка за лица со хипотироиден/Hashimoto профил и симптоми како замор, студ, промени во тежината, дигестивни тегоби и ниска енергија.
Содржи насоки за исхрана, клучни нутриенти, дигестија, сон, стрес и животни навики, како и насоки кои лабораториски параметри е важно да се следат со лекар.

Цена: 1.500,00 денари

ОДБЕРИ ПРОТОКОЛ

За поддршка на црниот дроб

HYGIA LIVER RESET PROTOCOL

Наменет за периоди на тежина, преоптовареност, дигестивна тромост и кога е потребна подобра поддршка на нормалните функции на црниот дроб и жолчката.

Содржи план во фази, насоки за исхрана, горчливи билки, рицинусови облоги, хидратација, дигестивна поддршка и секојдневни ритуали.

Цена: 1.500,00 денари

ОДБЕРИ ПРОТОКОЛ

За дигестивна и билна поддршка

HYGIA PARASITE RESET PROTOCOL

Структуриран протокол за лица кои сакаат природен, внимателен пристап кон дигестивната средина и традиционално користените антипаразитарни билки. Содржи исхрана, билна програма, поддршка на празнењето и дигестијата, фази на протоколот и насоки за периодот по завршувањето.

При сомнение за паразитарна инфекција, лабораториската дијагностика и лекарската
проценка имаат предност.

Цена: 1.500,00 денари

ОДБЕРИ ПРОТОКОЛ

За стрес, нервен систем и сон

HYGIA CALM WITHIN PROTOCOL

Наменет за лица кои чувствуваат постојана внатрешна напнатост, преоптовареност, тешко
„исклучување“, нарушен сон и психофизичка исцрпеност.
Содржи дневни и вечерни ритуали, техники за смирување, насоки за сон и исхрана, билна
поддршка и практики за подобра регулација на нервниот систем.

Цена: 1.500,00 денари

ОДБЕРИ ПРОТОКОЛ

Кожата ја гледаме одвнатре и однадвор

HYGIA SKIN RESTORATION PROTOCOL

Наменет за лица со повторливи проблеми со кожата како акни, егзематозни промени и други воспалителни кожни тегоби.
Содржи холистички пристап кон исхраната, цревата, дигестијата, животните навики и стресот, заедно со насоки за нежна локална нега и билна поддршка.

Цена: 1.500,00 денари

ОДБЕРИ ПРОТОКОЛ

Холистичка поддршка за детскиот организам

HYGIA LITTLE SHIELD PROTOCOL

Наменет за родители кои сакаат подобро да го разберат детскиот имунитет и секојдневно да го поддржат организмот преку разумни природни навики.
Содржи шест области на поддршка: црева и дигестија, респираторен систем, слуз, исхрана, природна поддршка и секојдневни навики за раст и развој. Кај деца, природната поддршка секогаш се приспособува на возраста и не ја заменува проценката од педијатар.

Цена: 1.500,00 денари

ОДБЕРИ ПРОТОКОЛ