Активни состојки
Содржи линолна, алфа-линоленска и олеинска масна киселина, каротеноиди, токофероли, фитостероли и полифенолни соединенија.
Начин на употреба
Се употребува по една рамна кафена лажичка, приближно 3–5 g дневно. Семето може лесно да се истолчи непосредно пред употреба и да се додаде во мед, јогурт, кефир, каша или смути.
Мерки на претпазливост
Да не се употребува при позната алергија на коприва. Кај чувствителни лица поголеми количини можат да предизвикаат желудочна непријатност.
Поради недостиг на доволно клинички податоци, не се препорачува во бременост, доење и кај мали деца без стручен совет. Лицата што земаат терапија за дијабетес, крвен притисок, исфрлање течности или регулирање на коагулацијата треба да се советуваат со лекар.
| Одберете грамажа | 50 гр |
|---|

Reviews
There are no reviews yet.