
Што е тромб и зошто телото го создава?
Тромбот не е „непријател“ по дифолт. Тој е природен заштитен механизам на телото. Кога ќе се повредиме – телото веднаш реагира. Крвта се згуснува, се создава тромб и крварењето запира. Тоа е мудроста на организмот. Тоа е живот. Но… кога оваа мудрост ќе излезе од рамнотежа – тогаш тромбот станува проблем.
КОГА ТРОМБОТ СТАНУВА ОПАСЕН?
Проблемот настанува кога:
- крвта станува прегуста,
- циркулацијата е забавена,
- ѕидовите на крвните садови се оштетени или воспалени.
Во такви услови, тромбот може да се формира без вистинска причина и да остане таму каде што не треба. Тогаш тој може: да го блокира протокот на крв, да спречи кислород и хранливи материи да стигнат до органите, да предизвика сериозни состојби како инфаркт, мозочен удар, белодробна емболија.
КАКО СЕ СОЗДАВА ОВАА СОСТОЈБА?
Во позадина често стои:
- хроничен воспалителен процес,
- долготраен стрес (крвта буквално „се стега“),
- недоволно движење,
- дехидрација,
- неправилна исхрана,
- хормонални дисбаланси,
- пушење,
- долготрајно седење или лежење.
Телото не зборува одеднаш. Прво шепоти. Потоа алармира.
ХОЛИСТИЧКИ ПОГЛЕД
Од природно-медицински аспект, тромбот често е сигнал дека: циркулацијата не тече слободно, постои внатрешна „стагнација“ – физичка, но и емоционална, телото долго време било во состојба на одбрана. Затоа пристапот не смее да биде само: „што да земам за да го растопам“. Туку: како да ја вратам природната флуидност на телото
ШТО Е КЛУЧНО?
✔ Поддршка на циркулацијата
✔ Намалување на воспалението
✔ Поддршка на црниот дроб
✔ Хидратација
✔ Движење
✔ Смирување на нервниот систем
✔ Свесен, нежен пристап – без паника
Природата не работи со сила. Таа работи со постепено враќање во рамнотежа. Крвта е носител на животот. Кога таа тече слободно – и животот тече полесно. Задачата не е да се бориме со телото, туку да го потсетиме како да се движи во својата природна хармонија.
© HYGIA by Dr. Viktorija. Текстот, фотографиите и визуелниот дизајн се заштитени со авторски права. Секое неовластено користење, копирање или споделување без согласност е забрането.