
Дување на стомакот – Тивок бунт во телото
ДУВАЊЕ НА СТОМАКОТ — ТИВОК БУНТ НА ТЕЛОТО
Понекогаш стомакот не зборува со зборови, туку со надуеност, непријатност и гасови.
Телото шепоти: „Нешто не е сварено — храна, или чувство?“
Секој здив што го задржуваме, секој збор што не сме го кажале, секое чувство што сме го проголтале — телото го памети.
Не е секогаш храната што не ја вариме.
Понекогаш е збор.
Понекогаш е чувство.
Понекогаш е страв.
Ако често чувствуваш:
– надуен стомак
– притисок и тежина
– чувство „како балон“
– непријатност по јадење
ова е покана да го слушнеш телото.
Надуеноста може да биде резултат на:
– Брзо јадење и голтање воздух
– Газирани пијалаци
– Стрес што го блокира варењето
– Лактозна или глутенска нетолеранција
– Лоша цревна флора
– Преработена храна и шеќери
– Недостаток на дигестивни ензими
– Предменструален синдром
Секое дување крие приказна.
Нежни, но моќни начини да го смириш стомакот:
Чај по оброк:
Нане, копар, анасон, ѓумбир, ким
Природни пробиотици:
Кисела зелка, кефир, комбуча
Компреси со рицинусово масло:
На стомак 30–45 минути
– го ублажуваат воспалението
– го релаксираат нервниот систем
Ензимски овошја:
Ананас и папаја
– дарови за полесно варење
Тинктури што ја будат внатрешната тивкост:
- Тинктура од горчлив пелин
– го поттикнува желудникот и варењето - Тинктура од анасон + копар
– против гасови и грчеви - Тинктура од ѓумбир и куркума
– за топлина, движење и мир - Тинктура од ким
– особено кај деца и чувствителни стомаци
Начин на употреба:
15–20 капки во малку вода,
2–3 пати дневно пред оброк.
Од копар до ѓумбир, од рицинус до пробиотици — природата има решение.
Подари му на телото простор да се слушне. Варењето не е само храна. Варењето е состојба на мир