
Мигрена
Мигрена – тивок крик на телото и природен пат кон олеснување
Мигрената не е „обична главоболка“.
Таа е длабока, пулсирачка болка што го зафаќа целиот нервен систем, често придружена со мачнина, повраќање, чувствителност на светлина и звук, замор и целосна неможност за нормално функционирање.
Кај многу луѓе, особено кај жените, мигрената доаѓа како бран – најавена со аура: заматен вид, светкави точки, проблеми со говорот, вкочанетост или слабост во телото. Тоа е моментот кога телото шепоти… а ние често не слушаме.
Зошто се појавува мигрената?
Мигрената е најчеста онеспособувачка примарна главоболка и претставува сериозен социоекономски проблем, бидејќи најчесто ја погодува активната, работоспособна популација – особено жените под 40 години.
Причините се мултифакторски:
- хроничен стрес и психо-емоционална напнатост
- седечки начин на живот
- долготрајно гледање во екрани
- престој во затворени, загушливи простории
- хормонални флуктуации
- дефицит на магнезиум
- воспалителни процеси во телото
- одредени намирници кои делуваат како тригер
Мигрената не е слабост. Таа е порака.
Храна што може да ја поттикне мигрената
Кај чувствителни лица, следниве намирници можат да бидат окинувач:
- сирења
- црвено вино и пиво
- чоколада
- кисела зелка
- квасец
- агруми
- црно грозје
- авокадо
Не затоа што се „лоши“, туку затоа што кај одредени организми го нарушуваат балансот на невротрансмитерите и крвните садови.
Природни сојузници против мигрената
Дива камилица (Tanacetum parthenium)
Билка со богата историја. Се користела уште во античка Грција за главоболки, воспаленија и менструални болки. Иако подоцна била заборавена, во 1970-тите повторно го добива заслуженото внимание поради силното дејство кај мигрена.
Делува така што ја намалува чувствителноста на крвните садови и воспалителниот одговор.
Етерично масло од нане (мента)
Ментолот ги релаксира крвните садови, го подобрува протокот на крв и носи чувство на свежина и олеснување. Нанесете неколку капки на слепоочници (разредено) или инхалирајте.
Етерично масло од лаванда
Научно докажано (European Neurology, 2012) како безбеден и ефикасен природен метод за ублажување на мигрена. Делува смирувачки врз нервниот систем. Инхалација – ефектот се чувствува веќе по 15 минути.
Ѓумбир
Природен антиинфламаторен корен кој:
- ги намалува воспаленијата
- ја ублажува болката
- ја смирува мачнината
Чај од свеж ѓумбир или мешавина од сок од ѓумбир и лимон (1–2 пати дневно).
Босилек
Делува како природен мускулен релаксант – особено корисен кај мигрени предизвикани од напнатост.
Чај, џвакање свежи листови или инхалација.
Поддршка од исхраната и суплементите
Јаткасти плодови
Содржат салицин – природен аналгетик.
Магнезиум
Еден од клучните минерали за нервниот систем. Кај многу лица со мигрена е во дефицит.
Природни извори: брокула, спанаќ, соја
Суплементација по потреба
Коензим Q10
Истражувањата покажуваат дека:
- ја намалува зачестеноста
- го ублажува интензитетот на мигрените
100 mg, 3 пати дневно
Ленено семе
Богато со омега-3 масни киселини – ја намалува воспалителната реакција во телото.
Чајна мешавина против мигрена
Состав:
- Имела – 30 г
- Нане – 20 г
- Мајчина душица – 20 г
- Кора од врба – 10 г
- Маточина (лаванда) – 10 г
- Анасон – 10 г
Подготовка:
1 лажичка од мешавината прелијте со 2 дл врела вода, оставете 15 минути, процедете.
Засладете со багремов или шумски мед.
Пијте 2–3 шолји дневно.
Мигрената не се „гаси“ – таа се слуша, се разбира и се лекува од корен