Здравје и состојби

Што претставува покачена телесна температура

Загрижени сте кога вашето дете или вие ќе кренете температура?

Во повеќето случаи кога имате покачена тт, а немате други симптоми како немир, плачење, тешкотии со дишењето и температурата не надминува 38,5 нема место за паника!

ШТО ПРЕТСТАВУВА ТЕМПЕРАТУРАТА ?
Телесната температура е показател на количината на топлина во телото, и одржувањето на идеална вредност, а тоа е меѓу 36,5 и 37,5 ° C. Значи, кога е идеално, сите системи на човечкото тело функционираат максимално ефикасно и кислородот допира до сите во доволни количини!

Многу фактори влијаат на промена на температурата. Но, кога телесната температура, одеднаш се зголемува или одеднаш се намалува, тоа е знак дека нешто во телото не функционира правилно. Секогаш е подобро кога е висока, бидејќи тоа е знак дека телото се бори против инфекции и не е нешто што треба да ве плаши.

Видови температура:
– Субфебрилна-покачена ТТ до 38°С
– Фебрилна-умерено покачена ТТ до 39°С
– Пиретична -висока ТТ од 39-41°С
– Хиперпиретична-превисока ТТ над 41,1°С

* Секогаш покачената и умерено покачена тт обидете се да ја намалите по природен пат!
* Запомнете, лековите за симнување на температурата, антипиретици (парацетамол и бупрофен) се даваат ако таа е над 38,5 степени, односно 38 за оние што имале фебрилни конвулзии!!!

Во целиот свет, многу голем број на растенија се користат за лекување на покачена телесна температура (ТТ). Најпознатиот лек во светот против треска е аспирин, кој се добива од салицилати од кора од врба и многу други растенија.

Салицилатите имаат горчлив вкус, како и повеќето хербални хемикалии за намалување на температурата. Иако луѓето со право веруваат дека високата температура укажува на инфекција, понекогаш е погрешно да се обидете да ја намалите.

До одредена граница, високата температура е ваш пријател. Повеќето од микроорганизмите кои предизвикуваат болести умираат на високи температури. Затоа, треската е еден од начините на кои имунолошкиот систем се бори со нив. Проблем е дека продолжената температура може да не убие и нас.

Мудриот практичен совет е: не ја намалувајте веднаш секоја температура. Преземете нешто кон неа кога ќе почнете да се чувствувате непријатно. За висока температура – над 40 степени, секако дека ќе мора итно да се консултирате со лекар. За благо покачена температура – од 37.5 до 38,5 не е препорачливо да ја намалувате. После 38.5 па и 39 степени, можете да земате аспирин, ацетаминофен или ибупрофен.

Едно предупредување: повеќето безопасни трески почнуваат да се намалуваат по еден до два дена. Ако треската, дури и да е блага, трае подолго од 48 часа, консултирајте се со лекар. Постојат голем број на природи начини, лековити растенија и етерични масла кои може да бидат од помош за намалување на температурата.

Што може да направите веднаш!
– пијте доволно течности, електролити – хидрирајте се

– јадете храна која е лесно сварлива- не конзумирате тешка храна

– одмарајте го телото, во лесна облека

– туширајте се со млака вода

– направете облоги од алкохол или јаболков оцет во сооднос 2:1 со водаи ставете на зглобовите

– облога од рендан жив компир на стапалата

– сенф на стапалата

– облога со белка од јајце

– облога од истолчени свежи листови зелка на чело, врат или тилот

Искористете ја исцелителната моќ на Мајката Земја!

Како што спомнавме, кората на врбата е лек кој неминовно помага во нмалувањето на ТТ. Обидете се да направите чај од врбова кора така што ќе потопите до две лажички сушена кора во околу четвртина литар врела вода  и ќе оставите ја да отстои околу 20 минути.Горчливиот вкус можете да го отстраните со цимет. ѓумбир, камилица или некои други  ароматични растенија.

Сурутарка или медуника е следната билка која е друг одличен извор на салицин. Предлагам правење чај од една до две лажички  цветови од медуника. Пијте до три чаши дневно.

Бозел – следна билка која помага во намалувањети на тт. Се препорачува дневно да се земаат две до три лажички цветови во чај за висока температура.

Нане. Многу билкари препорачуваат нане за ублажување на треска и предлагаат комбинација од пеперминт и нане или кора од врба и питомо нане. Кога би бимала треска, би дала нане и само поради подобрување на вкусот иако знам дека помага и за намалување на ТТ

Чај од ѓумбир – во чаша врела вода ставете 1/2 лажичка свежо рендан ѓумбир и оставете да отстои 10 минути.  Засладете со мед.  Пијте го овој чај 2-3 пати на ден

Сок од суво грозје – потопете 25 бобинки суво грозје во половина чаша вода и оставете ги да омекнат(околу еден час). Изблендирајте ја смесата па процедете.  Додадете исцеден сок од половина лимон. Пијте двапати дневно.

Чај од останати билки кои би можеле да ја намалат почената тт – босилек, липа, жалфија, камилица,ајдучка трева, магдонос, лист од тиква, мајчина душица.

Разните видови на лута пиперка кои содржат капсикум со сигурност делуваат на покачената тт. Во комбинација со брусница и цимет во прав, дефинитивно ќе ја намалат покачената тт.