Здравје и состојби

Што е тромб и зошто телото го создава?

Тромбот не е „непријател“ по дифолт. Тој е природен заштитен механизам на телото. Кога ќе се повредиме – телото веднаш реагира. Крвта се згуснува, се создава тромб и крварењето запира. Тоа е мудроста на организмот. Тоа е живот. Но… кога оваа мудрост ќе излезе од рамнотежа – тогаш тромбот станува проблем.

КОГА ТРОМБОТ СТАНУВА ОПАСЕН?

Проблемот настанува кога: 

  • крвта станува прегуста,
  • циркулацијата е забавена,
  • ѕидовите на крвните садови се оштетени или воспалени.

Во такви услови, тромбот може да се формира без вистинска причина и да остане таму каде што не треба. Тогаш тој може: да го блокира протокот на крв, да спречи кислород и хранливи материи да стигнат до органите, да предизвика сериозни состојби како инфаркт, мозочен удар, белодробна емболија.

КАКО СЕ СОЗДАВА ОВАА СОСТОЈБА?

Во позадина често стои:

  • хроничен воспалителен процес,
  • долготраен стрес (крвта буквално „се стега“),
  • недоволно движење,
  • дехидрација,
  • неправилна исхрана,
  • хормонални дисбаланси,
  • пушење,
  • долготрајно седење или лежење.

Телото не зборува одеднаш. Прво шепоти. Потоа алармира.

ХОЛИСТИЧКИ ПОГЛЕД

Од природно-медицински аспект, тромбот често е сигнал дека: циркулацијата не тече слободно, постои внатрешна „стагнација“ – физичка, но и емоционална, телото долго време било во состојба на одбрана. Затоа пристапот не смее да биде само: „што да земам за да го растопам“. Туку: како да ја вратам природната флуидност на телото

ШТО Е КЛУЧНО?

✔ Поддршка на циркулацијата
✔ Намалување на воспалението
✔ Поддршка на црниот дроб
✔ Хидратација
✔ Движење
✔ Смирување на нервниот систем
✔ Свесен, нежен пристап – без паника

Природата не работи со сила. Таа работи со постепено враќање во рамнотежа. Крвта е носител на животот. Кога таа тече слободно – и животот тече полесно. Задачата не е да се бориме со телото, туку да го потсетиме како да се движи во својата природна хармонија.

© HYGIA by Dr. Viktorija. Текстот, фотографиите и визуелниот дизајн се заштитени со авторски права. Секое неовластено користење, копирање или споделување без согласност е забрането.