Здравје и состојби

Тироидна жлезда

Што е тироидна жлезда?

Мала пеперутка во вратот. Тивок диригент што го води темпото на твојот живот. Кога таа забавува — сè во тебе тоне во магла. Кога забрзува — срцето ти бега од ритам. А ти, остануваш без збор. Толку мала, а го води целиот оркестар на телото: хормони, метаболизам, енергија, срце, кожа…

Што прави оваа жлезда?

Лачи 2 хормони: T3 и T4
– го буди метаболизмот
– го загрева телото
– го смирува срцето
– го храни мозокот
– ја носи енергијата до секоја клетка

Ниту еден орган не игра без нејзината музика.

Зошто се случува нарушување?

– Стрес што трае со години
– Недостаток на јод, селен, цинк
– Пестициди, флуор, тешки метали
– Чувствителност на глутен
– Автоимуни состојби (Хашимото, Грејвс)
– Потиснати емоции, непрoцесирана болка

Хипотироидизам

(спора функција)
– Ти се спие, а спиењето не помага
– Се дебелееш без причина
– Константно ти се замрзнати дланките и ладни ти се стапалата
– Мислите ти се магливи, а срцето тивко
– Кожата е сува, косата кршлива
– Тагата нема објаснување

Хипертироидизам

(забрзана функција)
– Срцето тропа како аларм за тревога
– Чувство на паника во градите
– Потeње, несоница
– Анксиозност, иако си на безбедно
– Телото слабее, а душата трепери

Хашимото

(автоимуна приказна)
– Кога телото по грешка го напаѓа својот диригент
– Имунитетот ја напаѓа тироидната жлезда
– Таа тивко слабее, а ти не разбираш зошто си уморна, тажна, надуена, изгубена…
– Симптоми? Како хипотироидизам, но подмолно, бавно, заматено

Природна нега и исцелување

Црниот дроб сака да дише — помогни му со рицинусови облоги. Јодирани морски алги, бразилски ореви, семки од тиква — нежна поддршка. Коприва, лимон балзам, ашваганда — билки со тивок ефект. Топлина, рутина, спиење = храна за жлездата.

Нема исцелување без смирување.

Слушај го твоето тело. Понекогаш не си мрзлива — туку истрошена. Не си чувствителна — туку длабока. Не си расплакана — туку натежната од хормонски немир.

Телото зборува — не го замолчувај. Хормоните не се непријатели. Тие се гласници.

Дијагностика, но со душа:

TSH
FT3
FT4
ANTI-TPO
Селен, витамин D
Ултразвук – ако телото шепоти

Тироидата ја сака тишината. Без стрес. Без брзање. Без претворање.

Диши. Гушкај. Одмори.
Исцелувањето почнува кога ќе се вратиш на себе си.