Здравје и состојби

Емоции

ЕМОЦИИТЕ ГО ГОВОРАТ ЈАЗИКОТ НА ТЕЛОТО ✨

Во тишината меѓу еден здив и друг, во трепетот на срцето пред солза или насмевка, се крие тајната на здравјето. Човекот не е само тело од коски и мускули, туку хармонија од мисли, чувства и дух. Во секоја болка има невидлива приказна, во секоја болест — повик на душата.

Кога ќе го слушнеме шепотот на емоциите и ќе се потсетиме на длабоката мудрост што ја носиме во себе, ќе сфатиме дека здравјето не е само отсутност на болест, туку состојба на внатрешен мир, љубов и прифаќање. Како што реката ја следи формата на своето корито, така и телото го следи внатрешниот пејзаж на духот.

Емоциите се природни психофизички реакции кои произлегуваат од човековото доживување на надворешни или внатрешни случувања. Тие се дел од биолошка и психолошка структура и служат како механизам за проценка, адаптација и преживување. Емоциите не се само чувства, туку комплексни реакции кои ги вклучуваат телото, умот и духот истовремено. Таа вклучува:

  1. Субјективно чувство (како се чувствува: тага, радост, страв, гнев…)
  2. Телесна реакција (срцебиење, мускулна напнатост, солзи…)
  3. Ментална проценка (што мисли за тоа што се случува)
  4. Поведение (како реагира: повлекување, напад, агресија, смеа…)

Емоциите се вродени биолошки механизми кои имаат за цел да го заштитат човекот, да му помогнат да се адаптира и да донесува брзи одлуки во одредени ситуации. Тие играат клучна улога во неговото психичко здравје, но и во телесната благосостојба. Современите истражувања во областа на психоневроимунологијата покажуваат дека емоциите не се само психолошки појави, туку имаат директно влијание врз физиолошките процеси во телото – како што се работата на имунолошкиот, ендокриниот и нервниот систем. Според невронауката, емоциите се резултат на електрохемиски процеси во мозокот кои влијаат врз целиот организам – срцев ритам, дишење, мускулен тонус, варење, имунитет и повеќе. Тоа значи дека секоја емоција остава конкретна трага во телото, особено доколку е потисната или хронично недоизразена.

Кога не зборуваш за тоа што те боли – телото ќе почне да зборува наместо тебе.
Потиснатите емоции не исчезнуваат. Тие се складираат длабоко и се манифестираат како замор, болка, напнатост, воспаление…
 

 Каде се складира траумата во телото:

  • Болки во вратот = Лутина и фрустрација
  • Болки во рамениците = Обврски и вина
  • Горен дел од грбот = Тага и жалост
  • Долен дел од грбот = Притисок и стрес
  • Колено = Кочници во напредокот
  • Стапало = Недостаток на стабилност
  • Лакт = Потисната лутина
  • Црева = Незавршен конфликт
  • Бубрези = Голем отпор, страв
  • Рака = Внатрешна несигурност
  • Желудник = Лутина и страв
  • Грло = Потиснување
  • Глава = Преоптовареност
  • Колк = Предавство
  • Гради = Паника
  • Карлица = Замрзнување
  • Гради = Паника
  • Црн дроб = –лутина
  • Бели дробови =  тага
  • Стомак =  грижи

Телото често го памети она што умот го потиснува…

 Сподели во коментари:
Која емоција најчесто ја задржуваш во себе?

Ако веруваш дека здравјето е повеќе од храна и витамини — ова е твоето место.