HYGIA NATURAL DEO CREAM ROLL

Price range: 250,00 ден through 700,00 ден

Hygia Natural Deo Cream Roll е природен кремаст дезодоранс создаден за оние кои сакаат ефикасна заштита од непријатен мирис, без да ја нарушат природната функција на потење.

За разлика од класичните антиперспиранти кои ги блокираат потните жлезди, Hygia Natural Deo Cream Roll му овозможува на телото природно да ја регулира телесната температура, помага во неутрализирање на бактериите што го предизвикуваат непријатниот мирис.

Богатата комбинација од шеа путер, ладно цедено бадемово и рицинусово масло ја негува кожата, ја одржува мека и ја штити од сушење.

Рачно изработен во мали серии, без алуминиум и со внимателно избрани состојки, Hygia Deo Stick претставува природна алтернатива за секојдневна свежина.

Важно: Природните состојки можат различно да делуваат кај секое лице и можат да предизвикаат индивидуална чувствителност или алергиска реакција. Пред прва надворешна употреба направете тест на мала површина од кожата. При несакана реакција прекинете со употреба. Доколку сте бремени, доите, земате терапија, имате хронична состојба или производот е наменет за дете, проверете ги предупредувањата за конкретниот производ. Производите не се замена за медицинска дијагноза или пропишана терапија.

БЕНЕФИТИ

✔ Без алуминиум и агресивни хемикалии

✔ Не ја блокира природната функција на потење

✔ Нежно го неутрализира непријатниот мирис

✔ Помага во одржување на природната микрофлора на кожата

✔ Цинк оксидот ја смирува и штити чувствителната кожа

✔ Богат со природни растителни масла кои ја хранат и омекнуваат кожата

✔ Погоден за секојдневна употреба

✔ Практично пакување за дома, работа или патување

НАЧИН НА УПОТРЕБА

Нанесете тенок слој на чиста и сува кожа под пазувите еднаш до двапати дневно, по потреба.

Почекајте неколку секунди производот да се впие пред облекување.

За најдобри резултати нанесувајте на чиста кожа, по туширање.

СОВЕТ

При преминување од класичен антиперспирант на природен дезодоранс, на телото може да му бидат потребни неколку дена за природно да се адаптира.

МЕРКИ ЗА ПРЕТПАЗЛИВОСТ

  • Само за надворешна употреба
  • Да не се нанесува на иритирана или оштетена кожа
  • Да не се користи веднаш по бричење
  • При појава на иритација, прекинете со употреба
  • Да се чува подалеку од дофат на деца
Одбери милилитража

20 мл, 50 мл, 50 мл + 20 мл

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “HYGIA NATURAL DEO CREAM ROLL”

Your email address will not be published. Required fields are marked *