Природата нуди доволно. Нашата задача е да ја користиме мудро.
Знаење и традициjа
Билките се користат со векови. Ние ги разбираме и применуваме со современо знаење.
Целосна грижа за здравjето
Телото, умот и емоциите се поврзани – вистинското здравје ги почитува сите.
Холистички водства и протоколи
Понекогаш телото не бара брзо решение. Бара разбирање. Холистичкиот пристап не го гледа само симптомот, туку ја разгледува целата слика – телото, исхраната, животниот ритам и внатрешниот баланс.
Затоа секој протокол што го изработувам не е универзален, туку создаден според твојата индивидуална состојба.
Што е Холистичко водство?
Холистичко водство е внимателно структуриран план што ја поддржува природната функција на телото.
Тој може да вклучува:
насоки за исхрана
природна билна поддршка
препораки за животен стил
ритуали за баланс и регенерација
Целта не е да се „замолчи“ симптомот, туку да се создаде услов телото да се врати во својот природен баланс.
Зошто се пополнуваат прашалниците?
Секое тело има своја приказна. Прашалникот е првиот чекор да ја разбереме таа приказна – твоите навики, симптоми, енергија, исхрана и животен ритам.
Овие информации ми помагаат да:
ја согледам состојбата подлабоко
ги поврзам симптомите меѓусебно
креирам насока што е прилагодена токму за тебе
Затоа што вистинската поддршка не доаѓа од генерален совет, туку од разбирање.
Како изгледа процесот?
Пополнување на прашалник
Анализа на состојбата
Изработка на персонализиран протокол и водство
Секој чекор е создаден со цел да ти даде јасност, насока и поддршка.
Понекогаш најважниот чекор не е да најдеш решение, туку да најдеш правилна насока.
Јас сум тука да те водам низ тој процес.
Одберете консултациjа
Кратко водство – кратка насока
Имаш конкретно прашање и не знаеш од каде да започнеш?
Малата насока е краток одговор што може да ти помогне да го препознаеш следниот разумен чекор — дали да обрнеш внимание на исхраната, животните навики, одредени анализи или дали твојата состојба бара подлабоко индивидуално разгледување.
Што добиваш:
кратка професионална насока за конкретно прашање
препорака кој би бил најсоодветниот следен чекор.
Не претставува дијагноза, терапија или персонализиран холистички план. Цена: БЕСПЛАТНО
Твоjот организам. Твоjата приказна. Твоjата насока. Ова не е готов план што се применува исто каj сите.
Пред да дадам насока, ја разгледувам целата слика: симптомите, дигестијата, исхраната, сонот, енергијата, стресот, животните навики, лабораториските анализи што ги имаш и другите фактори кои можат да бидат поврзани со твојата состојба.
Потоа се изработува индивидуално HYGIA холистичко водство, приспособено на тебе.
Што добиваш:
детално разгледување на твојот прашалник и достапни анализи
поврзување на симптомите и можните фактори што придонесуваат за нив
индивидуални насоки за исхрана
билна поддршка кога е соодветна
насоки за суплементација кога е оправдана
дневни и утрински/вечерни ритуали
насоки за сон, движење и нервен систем
практичен план со кој знаеш од каде да започнеш и што да следиш
Не претставува дијагноза, терапија или персонализиран холистички план. Цена: 4.500,00 денари
Не ти е потребно целосно персонализирано водство? HYGIA протоколите се готови дигитални водичи создадени за најчестите функционални тегоби и животни состојби со кои работам. Секој протокол го разгледува проблемот пошироко — преку исхрана, билки, навики, дигестија, сон, стрес и секојдневни ритуали.
За цревата и дигестиjата
HYGIA GUT RESET PROTOCOL
Наменет за лица со надуеност, гасови, чувствителна дигестија, IBS-профил, нарушена цревна рамнотежа и повторливи дигестивни тегоби. Содржи структуриран пристап во фази, насоки за исхрана, пример мени, билна поддршка, дигестивни ритуали и насоки за постепено враќање на цревната рамнотежа.
Наменет за хроничен замор, утринска исцрпеност, „brain fog“, падови на енергија и чувство дека организмот постојано работи на резерви. Содржи насоки за исхрана, енергетски ритам во текот на денот, сон, стрес, движење, нутритивна и билна поддршка и ритуали за постепено враќање на виталноста.
Наменет за ПМС, нерегуларен или болен циклус, PCOS-профил, промени во расположението и други тегоби поврзани со женскиот циклус. Содржи насоки за исхрана низ хормоналниот циклус, билна поддршка, поддршка на црниот дроб и метаболизмот на хормоните, дневни ритуали и животни навики.
Наменет како дополнителна холистичка поддршка за лица со хипотироиден/Hashimoto профил и симптоми како замор, студ, промени во тежината, дигестивни тегоби и ниска енергија. Содржи насоки за исхрана, клучни нутриенти, дигестија, сон, стрес и животни навики, како и насоки кои лабораториски параметри е важно да се следат со лекар.
Структуриран протокол за лица кои сакаат природен, внимателен пристап кон дигестивната средина и традиционално користените антипаразитарни билки. Содржи исхрана, билна програма, поддршка на празнењето и дигестијата, фази на протоколот и насоки за периодот по завршувањето.
При сомнение за паразитарна инфекција, лабораториската дијагностика и лекарската проценка имаат предност.
Наменет за лица кои чувствуваат постојана внатрешна напнатост, преоптовареност, тешко „исклучување“, нарушен сон и психофизичка исцрпеност. Содржи дневни и вечерни ритуали, техники за смирување, насоки за сон и исхрана, билна поддршка и практики за подобра регулација на нервниот систем.
Наменет за лица со повторливи проблеми со кожата како акни, егзематозни промени и други воспалителни кожни тегоби. Содржи холистички пристап кон исхраната, цревата, дигестијата, животните навики и стресот, заедно со насоки за нежна локална нега и билна поддршка.
Наменет за родители кои сакаат подобро да го разберат детскиот имунитет и секојдневно да го поддржат организмот преку разумни природни навики. Содржи шест области на поддршка: црева и дигестија, респираторен систем, слуз, исхрана, природна поддршка и секојдневни навики за раст и развој. Кај деца, природната поддршка секогаш се приспособува на возраста и не ја заменува проценката од педијатар.