За Мене

Hygia_elementodlogo_green

Затоа што понекогаш наjмоќната формула не е во аптека. Таа е во природата. И веќе живее во нас.

Jас не прашувам само што ти е. Сакам да разберам и зошто ти е.

Моjата приказна

Понекогаш патот кон природната медицина не започнува во училница, туку во длабока желба да се разбере човекот – неговото тело, неговите болки и неговата способност да се обнови. И како што нашиот народ милува да каже, прашај паталец не гаталец.

Јас сум др.Викторија Донев – Доктор по природна медицина, хербалист, нутриционист, терапевт на висцерална абдоменална масажа. Но пред сè, јас сум човек кој верува во мудроста на природата и во неверојатната способност на телото да се врати во баланс кога ќе му дадеме вистинска поддршка.

Со години, а поттикната од сопствени здравствени проблеми, учев, истражував и работев со билки, масла и природни формули. Колку повеќе навлегував во овој свет, толку повеќе сфаќав дека вистинското здравје не доаѓа само од лекување на симптомите, туку од разбирање на целата приказна на човекот – неговото тело, неговата исхрана, неговите емоции и неговиот начин на живот.

Од таа идеја се роди Hygia by Dr. Viktorija. Не како обичен бренд. Туку како место каде природата и знаењето се среќаваат.

Моjата мисиjа

Во Hygia создавам 100% природни масла, мелеми, серуми и билни формули направени со внимателно избрани состојки и длабоко разбирање на нивното дејство. Секоја формула е создадена со почит кон билката, кон природата и кон човекот што ќе ја користи. Но мојата работа не завршува со производ. Верувам дека секој човек заслужува лична насока и поддршка, затоа покрај природните формули нудам и холистички консултации, каде заедно го бараме коренот на проблемот и создадаваме природен пат кон подобро здравје.

Мојата мисија е едноставна, но длабока: да им помогнам на луѓето повторно да се поврзат со природата, со своето тело и со сопствената сила за исцелување.

Затоа што понекогаш најмоќниот лек не е во аптека. Тој е во природата. И веќе живее во нас.

Образование и квалификации

• Доктор по природна медицина
• Хербалист
• Нутриционист
• Практикант на висцеларна масажа на абдоменални органи

Дозволи да те водам чекор по чекор кон природното исцелување.

Зошто да ми веруваш?

Icons_zoshtodamiveruvash

Знаење поткрепено со искуство

Мојата работа се темели на образование во природна медицина, хербализам и нутриционизам, но и на години практична работа со билки, природни формули и холистички пристап кон здравјето.

Icons_zoshtodamiveruvash

Природни формули создадени со внимание

Секој производ во Hygia е создаден со внимателно избрани природни состојки и со разбирање на нивното дејство. Формулите не се случајни – тие се резултат на знаење, искуство и почит кон природата.

Icons_zoshtodamiveruvash

Холистички пристап кон здравјето

Не гледам само симптом. Го гледам човекот како целина – телото, исхраната, емоциите и животниот ритам. Затоа секоја насока или протокол се создава со цел да го поддржи организмот природно и одржливо.

Icons_zoshtodamiveruvash

Лична поддршка на твојот пат

Верувам дека вистинската грижа не е само производ или совет – туку чувство дека некој те слуша и те разбира. Затоа секој човек што ќе ми се обрати добива внимание, насока и поддршка.

Моjата цел не е само да понудам производ. Моjата цел е да ти помогнам да го пронаjдеш природниот пат кон здравjе, баланс и доверба во сопственото тело.

Напомена: Моето холистичко водство има советодавен и едукативен карактер и е насочено кон исхрана, животни навики и природна поддршка. Не поставувам медицинска дијагноза и водството не претставува замена за лекарски преглед, медицинска дијагностика или пропишана терапија.