HYGIA SUN WOUND REPAIR OIL

450,00 ден

Опис

Кантарионовото масло е традиционален билен мацерат добиен од свеж цвет од кантарион, потопен во квалитетно ладно цедено маслиново масло и зреено на сонце. Препознатливо по својата длабока црвеникава боја, ова масло со векови се користи како природен сојузник за кожа, мускули и нервен систем. Нежно, но моќно – вистинска класика во природната нега.

Бенефити

  • Смирува иритации, црвенило и чувствителна кожа
  • Поттикнува регенерација на кожа (рани, изгореници, лузни)
  • Делува противвоспалително и аналгетски
  • Помага при болки во мускули и зглобови
  • Го поддржува нервниот систем (масажа при напнатост)
  • Храни и омекнува сува и оштетена кожа

    Важно: Природните состојки можат различно да делуваат кај секое лице и можат да предизвикаат индивидуална чувствителност или алергиска реакција. Пред прва надворешна употреба направете тест на мала површина од кожата. При несакана реакција прекинете со употреба. Доколку сте бремени, доите, земате терапија, имате хронична состојба или производот е наменет за дете, проверете ги предупредувањата за конкретниот производ. Производите не се замена за медицинска дијагноза или пропишана терапија.

Активни состојки

  • Хиперицин и хиперфорин – познати по своето противвоспалително и регенеративно дејство
  • Флавоноиди – антиоксидантна заштита
  • Танини – адстрингентно и заштитно дејство
  • Масни киселини (од базното масло) – длабинска нега и хидратација

Начин на употреба

  • Надворешна употреба: нанесете мала количина и нежно масирајте 1–2 пати дневно
  • За рани, изгореници и лузни: нанесете тенок слој на чиста кожа
  • За болки во мускули/зглобови: масажа на засегнатото место
  • Внатрешнау употреба: една лажца наутро на глдао да ги решите вашите дигестини проблеми
    Забелешка: по нанесување избегнувајте директно сонце (фотосензитивност).
Одберете милитража

50 мл, 100 мл

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “HYGIA SUN WOUND REPAIR OIL”

Your email address will not be published. Required fields are marked *